Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Попов на Данела се крие зад ЗОО за да врши притисок врз новинари: ќе беше попаметно да ги спасите животните кои се во лоша состојба!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
arsovska-dron

Додека јавноста бара затворање на Зоолошката градина, одговори за угинатите животни, детали за нивното третирање, раководството се занимава со притисок врз медиуми и новинари. Ваков е заклучокот на нашата редакција откако до нас стигна информацијата за поднесена претставка од јавната установа до Агенцијата за воздухопловство против нашата новинарска екипа.

Откако со снимки од дрон беа фатени како ја изнесуваат слоницата од Зоолошката и ја фрлаат во депонијата „Дрисла“, без да ја известат јавноста дека ја евтаназирале, погодени од тоа што јавноста ги осуди – тие се интересирале дали снимките се направени според прописите, наместо дали можат да се спасат останатите животни кои се во критична состојба. Веројатно, заборавиле на клучното – ова нема да ја смени суштината, дека до моментот на снимките, криеја дека слоницата е мртва, но и дека јавноста е гневна на Зоолошката поради низата случувања во неа. Да потсетиме дека од нив се очекува подобрување, а не влошување на состојбата во јавната установа, како и условите за работа на вработените.

[caption id="attachment_299726" align="alignnone" width="1630"] Пријавата поднесена од ЗОО по која се постапуваше[/caption]

— реклама —

Обидот за заплашување не им успеа, бидејќи екипата на „Скопје1“ секогаш постапува според законските прописи. Па така, нивните прашања дали дронот е регистриран во Агенцијата за воздухопловство, дали било дозволено да се надлетува со него – ги добија одговорите кои не очигледно не ги очекуваа. Дронот не треба да се регистрира бидејќи е со тежина под 500 грама и брзина помала од 19 м/секунда. И сето ова го прават криејќи се зад јавната установа Зоолошка градина.

[caption id="attachment_299727" align="alignnone" width="1630"] Одговор од редакцијата на „Скопје1“[/caption]

— реклама —

Зоран Попов, директор на градоначалничката Данела Арсовска, пријавата до Агенцијата ја поднел во име на Зоолошката градина, но и самиот знаел дека надлетувањето над јавната установа не е спорно. Па барале друг начин за да извршат притисок врз нашиот медиум и укажувале дека летањето не смее да биде во близина на Министерството за одбрана како орган од витално значење. Но, „Скопје1“ го запази и овој момент. Очигледно не знаеле дека дроновите од фирмата DJI имаат заклучени т.н. „гео зони“, каде прелети не се дозволени, особено кај објекти од витално значење. Па, дури и да сме сакале да го добилижиме до таму, тоа би било неуспешно бидејќи дронот не би ги извршил командите. Но и без тоа, запазено е растојанието по воздушна линија од објектот на Министерството.

[caption id="attachment_299728" align="alignnone" width="1162"] Мапата на дозволени и недозволени зони по која работи и DJI[/caption]

Го потсетуваме раководството на Зоолошката градина и Зоран Попов, директор на Данела Арсовска, дека криењето зад институциите за пресметка со новинари кои известуваат на теми од широк јавен интерес за нас претставува притисок и обид за замолчување. Попов, раководството и Арсовска да бидат свесни дека функциите не се вечни и дека одговорноста секогаш има име и презиме. „Скопје1“ ќе остане на страна на граѓаните и ваквите чекори нема да не поколебаат и натаму да бидеме гласни критичари за секое постапување спротивно на интересите на граѓаните. Во иднина ќе бидеме уште погласни и потемелно, одблизу ќе го следиме работењето на Зоолошката градина и Град Скопје.

— реклама —

Со оглед дека Попов, директорот на Арсовска, криејќи се зад Зоолошката градина поднесе претставка која ја цениме како обид за замолчување, откако истиот новинар во четири наврати ги открива угинатите животни додека јавната установа молчеше, најавуваме дека за овој потег ќе ги известиме сите домашни и меѓународни институции кои се грижат за слободата на говорот, како и странските амбасади.

Претходно објавивме дека во сериозно лоша состојба се шимпанзото Мими, јагуарката, но и морскиот лав Кан.

— реклама —

 

skopska-zooloska

Повеќе од месец се молчи дека угинал бизонот во Зоолошка, и други животни се во тешка состојба

Од воспаление на белите дробови угинал бизонот во Зоолошката градина, потврдуваат оттаму за „Скопје1“. Но нема одговор, зошто оваа информација се крие од јавноста, иако ова се случило пред повеќе од еден месец. Ниту известување, ниту соопштение, ниту информирање преку социјалните мрежи. Информацијата ја добивме по упатени прашања до скопската ЗОО – за која голем дел од граѓаните бараат да се затвори.„Согласно извршената обдукција и патохистолошкиот наод, од стручни лица по патолошка морфологија

Скопје | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања