„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Повеќе од месец се молчи дека угинал бизонот во Зоолошка, и други животни се во тешка состојба

објавено пред 1 година -

Скопје
skopska-zooloska

Од воспаление на белите дробови угинал бизонот во Зоолошката градина, потврдуваат оттаму за „Скопје1“. Но нема одговор, зошто оваа информација се крие од јавноста, иако ова се случило пред повеќе од еден месец. Ниту известување, ниту соопштение, ниту информирање преку социјалните мрежи. Информацијата ја добивме по упатени прашања до скопската ЗОО – за која голем дел од граѓаните бараат да се затвори.

— реклама —

„Согласно извршената обдукција и патохистолошкиот наод, од стручни лица по патолошка морфологија при факултетот за ватеринарна медицина, заклучено е дека бизонот угинал како резултат на хронично граниломатозно воспаление на белите дробови-actinomykocis, на возраст од околу четиринаесет година, просечна старост на бизоните е од десет до дваесет години“, велат од ЗОО-Скопје.

Во тешка состојба се шимпазото Мими, јагуарката, но и морскиот лав Кан. Од ЗОО-Скопје се пожалија дека најчестите животни кои ги чуваат се стари и изнемоштени.

— реклама —

„Имајќи во предвид дека не сме дел од Европската унија, а согласно политиките и стратегијата од ЕАЗА, кои до последно ги добивавме од нив, а сеуште постапуваме по истите, кај нас најчесто и во најголем број доаѓаа или исто полови групи или стари, изнемоштени и спасени животни.  Таков е примерот со циркуските слоници Дуња и Даела, дел од шимпанзата од лабораторија, во сериозна старост е нашата шимпанза Мими која со години прима терапија за срце, во иста таква старост е и нашата јагуарка, а во сериозна возраст е и нашиот морски лав Кан“, додаваат од ЗОО-Скопје.

Откако беше евтаназирана слоницата во ЗОО, јавноста се крена на нозе. Таа е трето тропско животно за една година, по двете жирафи, кои зоолошката ги узгуби. Ова пак, предизвика и лавина реакции од јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања