Промени тема
Контакт

Попов: Срамно е што пратениците на СДС не го поддржаа амандманот за покачување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
menza-studentski-dom-1

„Студентот во Македонија може да преживее со 120 денари на ден“

— реклама —

Веројатно ова е реченицата со која владата на ДУИ, поддржана од СДСМ и коалицијата, би го оправдала денешниот срамен потег на пратениците од мнозинството, кои го одбија предлог-амандманот на УМС и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а со кој субвенционираниот студентски оброк требаше да се покачи од 120 на 160 денари на дневна основа, вели Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Денешниот ден ќе биде запаметен од нас младите како еден од најсрамните денови во историјата на Македонија и ќе биде нешто кое нема да го заборавиме, ниту пак да го простиме. Додека владата на ДУИ и СДСМ тоне во коруптивни скандали, се склучуваат и кријат матни милионски зделки, се продава државно земјиште на сопругата на премиерот по багателни цени и се вработуваат партиски послушници, властите одлучија дека буџетот е преоптоварен и во него нема место за нормален и достоен живот на еден студент.

— реклама —

По којзнае кој пат, пратениците од власта го игнорираат фактот дека граѓаните во Македонија не живеат во розовиот свет кој самите го замислуваат, туку дека обичниот граѓанин и понатаму не гледа никакви развојни проекти и капитални инвестиции, а напротив, тоне во ефектите од инфлацијата, без разлика колку пати премиерот ќе сними видеа од илјадници евра за неговото пазарење во маркетите.

— реклама —

Денешниот ден сепак претставува и важен момент и исчекор, бидејќи овој предлог амандман поднесен од УМС и пратениците на опозицијата, ќе биде еден од највисоките приоритети на идното парламентарно мнозинство и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Кога не можеме да влијаеме врз самоволието на власта и игнорантниот став кон младинските прашања, можеме низ овие мали чекори да докажеме дека сме на страната на младите, а студентите секогаш ќе имаат верен партнер во Унијата на млади сили“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања