Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо, со облачност и повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови на земјата, над 30 л/м², проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Најмногу дожд е измерен во Попова Шапка – 7 л/м², а следуваат Демир Капија и Гевгелија со по 5 л/м². Другите мерни места забележале помали количини, од 4 л/м² во Тетово и Лазарополе до 1 л/м² во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Берово, Кавадарци, Прилеп, Виница и Струмица.
Максималните дневни температури ќе се движат од 7 до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Снежната покривка до утринските часови највисока е во Попова Шапка – 30 см, додека во Маврови Анови е 6 см.