Промени тема
Контакт

Попова Шапка најстудена утринава, измерени -4 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
popova-sapka

Утринава најниска минимална температура е измерена на Попова Шапка, каде живата на термометарот се спушти до -4 степени Целзиусови.

— реклама —

Под нулата утринава било и во Маврови Анови со -2 степени, како и во Охрид со -1 степен. Нула степени се измерени во Битола и во Крушево, додека 1 степен е регистриран во Берово и Претор.

— реклама —

Со 2 степени утринска температура се Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка. Во Скопје-Петровец, Струмица и Штип се измерени 4 степени, додека 6 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци. Најтопло утринава било во Гевгелија со измерени 10 степени.

Снежна покривка од 89 сантиметри има на Попова Шапка.

— реклама —

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено засилен, локално со брзина до 50 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

— реклама —

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во делови од котлината повремено засилен. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 14 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Сончево, но нестабилно попладне: Се очекуваат пороен дожд, грмежи и град

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Најмногу дожд во Крива Паланка – измерени 30 литри на метар квадратен

Македонија | пред 1 месец

media-librarybnsrphbu13gb4yPqQof

Топло време со температури до 38 степени, попладне можна нестабилност

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Денес сончево и многу топло, температурата ќе достигне до 39 степени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања