ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Поради безбедносни причини: Црвените таблички за возилата на министрите нема да бидат поставени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1fmuikb35prj2QI2gk6
ФБ

Возилата на министрите и државниот врв нема да бидат обележани со новите црвено-жолти таблички, иако голем дел од службените автомобили низ државата веќе добиваат вакви регистарски ознаки.

— реклама —

Заменик-генералниот секретар на Владата, Љупчо Томовски, во гостување за „360 степени“ објасни дека работна група составена од Министерството за внатрешни работи и Службата за општи и заеднички работи работи на нов правилник за брендирање на возилата.

„Владините возила, односно оние на министрите, не се обележани поради безбедносни причини, на што укажуваа Агенцијата за национална безбедност и МВР. Се знае кои се тие 45 возила, јавноста ги препознава и нивните регистарски броеви. Прашањето останува дали во иднина ќе бидат дел од системот или не,“ рече Томовски.

— реклама —

Тој додаде дека се разгледува можноста и возилата на одредени инспекторати да бидат изземени од оваа мерка. „Инспекциските служби како Пазарниот инспекторат или Управата за јавни приходи мора да делуваат дискретно. Ако нивните возила се обележат, ќе се знае однапред кога вршат контроли, што би ја намалило ефективноста,“ нагласи тој.

Во однос на можноста за злоупотреба на владини возила, Томовски порача дека злоупотребата ќе биде спречена кај пониските ешалони во администрацијата:

„Министрите не управуваат сами со автомобилите, туку имаат возачи и протоколи. Злоупотребата најчесто доаѓаше од пониските нивоа – службеници кои користеа возила за приватни потреби. Тоа сега ќе биде стопирано.“

Со правилникот што ќе биде објавен наскоро, ќе се дефинира кои службени возила задолжително ќе носат црвено-жолти таблички, а кои ќе бидат изземени од ова правило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Vlada

Сите министри, од сите партии кои ќе бидат дел од новата Влада

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања