Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната влада, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 38 минути -

Македонија
media-libraryo7fgjuaqlunp7cuAiJc

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија следната година да добие уште попозитивна оценка од Европската комисија, посочувајќи дека дел од реформите спроведени по завршувањето на годинашниот извештаен период не биле опфатени во оценувањето.

— реклама —

Мицкоски рече дека евроамбасадорот Михалис Рокас потврдил оти земјата бележи значителен напредок во однос на минатата година. Според премиерот, извештајниот период завршил на 31 август, а потоа биле спроведени дополнителни реформи, особено во борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото.

— реклама —

„Очекувам следната година да имаме уште посилен извештај, со што ќе се потврдат напорите на оваа Влада и амбицијата да биде реформска влада“, изјави Мицкоски.

Во однос на уставните измени, премиерот порача дека позицијата на Владата останува непроменета. Тој ја обвини претходната влада на СДСМ и ДУИ дека прифатила политички услов кој, според него, сега го попречува напредокот на Македонија кон Европската Унија.

— реклама —

„Нашиот став како Влада е јасен и непроменет. За жал, поради егзибициите и антидржавната политика на претходната влада на СДСМ и ДУИ, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека дијалогот со Бугарија продолжува и изрази надеж дека ќе биде постигнато решение со кое Македонија, по 21 година кандидатски статус, конечно ќе може да го придвижи преговарачкиот процес со Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1lgv8bt7laoteEGiKXU

Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryjf7ts1ro88ot4DU0bAt

Евроамбасадорот Рокас денеска му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања