Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поради пратениците, 17.000 работници не добиле плата за февруари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
metalni-rabotnici
Фото: Илустрација

Дури 10,7 отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им дадат плата на вработените, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Поточно речено, близу 17.000 работници не земале плата за месец февруари. Според неа ова се должи на финансиската неможност на фирмите да исплатат плати поради кризата со Ковид 19 и заглавените закони од петтиот пакет мерки за помош на работодавачите.

— реклама —

„Во однос за информацијата за неисплатени плати во месец февруари, од 63. 948 прифатени МПИН пресметки, 6.888 работодавачи не исплатиле палата или тоа во проценти е 10, 7 отсто“, истакна Сања Лукаревска.

— реклама —

Лукаревска апелира Собранието побрзо да ги донесе законите од петтиот пакет мерки за да не се казнуваат компаниите кои не ги исплатиле платите во февруари. Таа рече дека ќе има толеранција кон истите но дека дополнително ќе бидат контактирани со цел да се изнајде начин како да ги менаџираат платите до донесувањето на законите.

— реклама —

„Сите оние кои што немаат исплатено плата во законски предвидениот рок, доставени им се опомени, меѓутоа исто така телефонски ќе бидат исконтактирани за да се најде соодветно решение како би можеле да ги изменаџираат своите долгови се до моментот на носење на финансиската поддршка“, додаде Сања Лукаревска.

Лукаревска потенцираше дека онаму каде се утврдени злоупотреби за наеиплаќање на плати и наназад, УЈП ќе постапува согласно надлежностите за присилна наплата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања