СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово, Б.С.(25), сопственик на правниот субјект и Н.П.(27), двајцата од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „точење на алкохолни пијалаци на малолетни лица“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 15/16.01.2022 во периодот од 22.00 до 01.10 часот во Тетово, на ул. „Борис Кидрич“, при извршена акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово, во угостителскиот објект биле затекнати повеќе лица и при извршеното легитимирање кај четири малолетни лица било констатирано дека консумираат алкохол, додека при проверка по однос на почитување на ковид мерките, било констатирано дека шест лица не поседуваат сертификат за вакцинација.