Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Поради хаварија РЕК „Битола“ не произведува струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Поради нова хаварија, која се случила рано изутринава, во термоелктраната РЕК „Битола“ во моментот не се произведува струја.

„Поради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата“, се наведува во соопштение на ЕСМ.

— реклама —

Од таму нагласуваат дека станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скината цевка, што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа.

— реклама —

Претходно, поради хаварија во РЕК, надвор од функција беа вториот и третиот блок поради што производството беше потпрено само на еден блок, но во моментот и тој не работи.

— реклама —

„Се работи и на оспособување на Блок 2, кој беше во ремонт, и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава“, објаснуваат во денешното соопштение од ЕСМ.

Пред два дена во РЕК „Битола“ избувна пожар, кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на Блок 3. Тогаш беше соопштено дека штетата е од поголеми размери и дека Блок 3 одреден период нема да биде во можност да биде приклучен во производниот систем.

Во меѓувреме, од ЕСМ велат дека потребите се задоволуваат од другите капацитети, како и со набавена електрична енергија како резерва при вакви кратки испади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања