Поради здравствени проблеми, премиерот Мицкоски денес нема да се појави на македонско–српскиот бизнис форум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Премиерот Христијан Мицкоски утрово ја откажа својата агенда и нема да присуствува ниту да се обрати на големиот македонско–српски бизнис форум што во текот на денот ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Владиниот портпарол соопшти дека причината е здравствена, но не се посочуваат дополнителни детали.

— реклама —

И покрај отсуството на премиерот, настанот ќе се одвива според предвидената програма. На форумот ќе учествуваат над 200 компании од двете држави, со повеќе од 300 претставници од приватниот сектор, со цел да се отворат нови економски канали и да се забрза соработката.

— реклама —

Пред почетокот на форумот, во зградата на Владата ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу Северна Македонија и Србија. Документот ќе го стават потписите заменик-претседателот на македонската Влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, и српската заменик-претседателка на Владата и министерка за економија, Адријана Месаровиќ.

— реклама —

Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, каде што во изјави за медиумите посочија дека потенцијалот за продлабочување на економските врски е значително поголем од досегашните резултати. Особено е нагласен просторот за раст во прехранбената индустрија и плановите за зголемување на билатералната размена.

Иако годинава е забележано зголемување на трговската размена меѓу двете земји, функционерите на двете влади се согласни дека реалните можности се многу пошироки и дека само дел од нив е искористен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lence-press

Откако премиерот Мицкоски ја нарекол Ленче Ристоска „медиокритет“, Советот на јавни обвинители отвори постапка

Македонија | пред 3 седмици

media-library179b9vas9u5h16Z0RF0

Мицкоски: „Бугарите во устав не е единственото барање, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет“

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym5j03b45n1r4dJrK9h0

Премиерот Мицкоски заедно со семејството на бадниковата вечера: „Паричката од бадниковото лепче се падна кај мене“ - изјави Мицкоски

Македонија | пред 3 седмици

media-library7donej5sva9k7GSNeLR

Мицкоски: „Софија го блокира Акциониот план за малцинства затоа што е напишан на македонски“

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања