Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Поради зголемениот број хоспитализирани лица, се враќаат дежурствата на здравствените работнички со бебиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
korona-4

Здравствените работнички што имаат бебиња и деца помали од 3 години наместо по 8 часа, со пациентите болни од ковид-19 во сите ковид-центри во државава ќе работат и дежурства, кои вклучуваат работа по 12 часа. Облечени во скафандери и целосно покриени, со маски и визири преку кои одвај дишат, здравствените работници повеќе од една година се на првата линија на фронтот на пандемијата. Борбата да спасат човечки животи им стана секојдневие.

— реклама —

Од Министерството за здравство на прашањата на редакцијата на МКД.мк за мобилизирање на здравствените работници и за воведување дежурства на мајките што имаат бебиња и деца под 3 години, им одговориле дека оваа одлука ја носат директорите на здравствените установи и се повикаа на членот 217 од Законот за здравствена заштита.

Но во овој случај никој од директорите конкретно не побарал да се донесе ваква одлука, туку Министерството за здравство оценило дека согласно со зголемениот број хоспитализирани, целиот медицински персонал треба да биде ставен на располагање.

— реклама —

извор: МКД.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања