Поранешна полицајка е пронајдена мртва во нејзиниот дом. Безживотното тело го нашле членови на нејзиното семејство, дознава. Засега, причините за смртта не се познати. Од МВР велат дека увидот и натаму трае.
„Добиена е информација за пронајдено безживотно тело во стан во Охрид. Се уште трае увидот на местото на настанот“, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Телото ќе биде даде на обдукција.