Промени тема
Контакт

Поранешни градоначалници на Демир Хисар обвинети за злосторничко здружување, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
274045354_258315196466676_3284751392217774244_n

Државната комисија за спречување на корупција, предложи да се покрене постапка за кривично гонење на тројца поранешни градоначалници на Општина Демир Хисар (Тони Ангелевски, Љупчо Блажевски и Марјанче Стојановски), раководителот на Одделението за урбанизам на општината (Соња Наумовска) и нејзиниот сопруг (Раде Наумвски), заради злосторничко здружување, вели Левица.

„Имено, сопругот на раководителката на Одделението за урбанизам, закупил деловен простор кој е во сопственост на Општина Демир Хисар, со години не плаќал закуп и се стекнал со бесправно стекната корист на средства од над 1,5 милиони денари.

— реклама —
— реклама —

Во пријавата доставена до ДКСК е наведено дека геодетските елаборати за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во Демир Хисар ги изработиле фирми чии сопственици биле во блиски деловни односи со поранешниот градоначалник Тони Ангелески. Постоел и договор меѓу раководителката Наумовска и поранешниот градоначалник Марјанче Стојановски, за помош при легализација на објекти на блиски луѓе и роднини на тогашниот градоначалник, во замена Општината да не постапува кон наплата за закупот на општинскиот објект.

— реклама —

Во ситуација кога Општината е презадолжена, не ги користи ни дадените извори за прилив на средства, туку ги злоупотребува само со цел да имаат профит неколку поединци а тоа сето да оди на штета на општината и буџетските средства“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања