Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Поранешниот градоначалник на Кочани бара укинување на куќниот притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
Papazov

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој ја водеше општината во времето на трагедијата во кабарето „Пулс“ и е меѓу обвинетите функционери, доставил барање до Судот за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост. Предлогот, сепак, треба прво да го разгледа Јавното обвинителство.

Судот го повика Обвинителството да се произнесе, но јавниот обвинител побара одлука да се донесе на следната главна расправа, наведувајќи дека „ги немаме сите информации во овој момент“.

— реклама —

Денешното рочиште за трагедијата, во која загинаа 63 млади лица, се одржа во судницата во „Идризово“ и продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. Беа повикани пет сведоци, од кои четворица се обезбедени и присуствуваа.

Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настапот на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања