Промени тема
Контакт

Порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13, велат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
boki-13

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години како режимска власт корумпираше, затвораше медиуми, вршеше притисоци кон критички настроени новинари. Денес, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски има ист однос кон медиумите и новинарите. Граѓаните и медиумските работници треба да знаат дека нервозниот Мицкоски лично се јавува по телевизии да влијае врз уредувачката политика, но тоа тешко му оди бидејќи времето на Груевски и режимот, времето на притисоци кон новинари и медиуми заврши со доаѓањето на СДСМ на власт“, велат од СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„СДСМ и граѓаните никогаш нема да дозволат да се загрози слободата на новинарите. Цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во 1 ТВ за која денес шират лажни вести и измислици. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ на дело, порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13. Лажните вести не можат да го сокријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е непријател и најголем штетник на медиумските права и слободи“, додаваат од СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања