Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пораз: Бројот на починати од корона е над 4.000 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
grcija-korona-2

Вкупно 4.022 лица починаа од коронавирус од почетокот на пандемијата, откако вчера беа потврдени нови 45 смртни случаи.

Здравствениот систем е под притисок во третиот бран на коронавирусот, а бројот на пациенти во болниците континуирано расте. Низ целата држава во моментот се хоспитализирани над 1.700 пациенти со компликации предизвикани од Ковид, а здравствените власти предупредија дека неделава е критична за натамошното ширење на вирусот.

— реклама —

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека имајќи го предвид искуството од минатата година кога рамазанските пости и Велигден во истиот период, сериозно ја искомплицираа и ја усложнија епидемиолошката ситуација,  доколку тоа сега се случи со веќе оптоварен здравствен систем, тоа ќе биде кризна ситуација што тешко ќе се менаџира.

Затоа, рече Филипче, беа воведени дополнителни рестриктивни мерки.

— реклама —

Властите апелираат на максимална одговорност и доследно почитување на мерките да го заштитиме своето и јавното здравје во наредниот период.

— реклама —

Според податоците на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, а бројот на активни случаи изнесува 21.265. Досега се вакцинирани 13.000 граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања