Портпаролот на Владата Мухамед Хоџа, на денешната пресс конференција запрашан за објавувањето на прислушувани разговори на фејсбук „бомби“, истакна дека Владата нема да го коментира тоа што се случува последно време со „бомбите“ и дека за тој случај надлежните институции, во случајот МВР.
-Тоа што го кажав останува. Владата нема повеќе да коментира. Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР пред неколку дена, рече Хоџа.
Инаку според МВР лицето кое ги постирало т.н. бомби со прислушувани разговори на Фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното обвинителство работи на целосно расчистување на случајот.