Портрет со ликот на Атиџе Муратова, инспириран од „Медена земја“, се продава на аукција преку фејсбук-профилот на Сузана Турунџиева. Сликата ја наслика уметникот Саше Милевски, а почетната цена е 10.000 денари, а парите ќе ги добие Атиџе.
„Стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58. роденден на нашата Атиџе Муратова. Планирано е тоа да биде 24-часовно наддавање за уметничко дело, портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Саше Милевски во техника акрил на платно, со димензии 90х70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да ѝ ги подари на Атиџе“, напиша Сузана на „Фејсбук“.
Таа ги повика сите што ќе сакаат да наддаваат, да остават порака во коментарите.
„Добредојдени сте сите кои сакате да се вклучите во наддавањето кое ќе биде јавно, транспарентно, во коментари на овој пост. Почетна сума за наддавање е 10.000 денари. Секој кој ќе си дозволи коментар или порака со било каква навредлива содржина или говор на омраза ќе биде блокиран, отстранет од листа на пријатели и пријавен кај фб администратор“, додаде Сузана.
/271977531_10227797553708923_8256914478097095184_n" rel="attachment wp-att-159002">