Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Посебен режим на сообраќај во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-3280PM

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“.

— реклама —
— реклама —

На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум. На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.

— реклама —
— реклама —

Апелираме до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овие сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Тепачка со тврди предмети во Драчево, повреден 16-годишник и нападнат полицаец

Македонија | пред 10 минути

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Со огнено оружје запреле возило и ограбиле татко и син кај Сарај

Македонија | пред 11 минута

pijan-1

Под дејство на алкохол ја оштетувал покуќнината и се заканувал на семејството

Македонија | пред 12 минути

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Ќерка ја нападнала својата 72-годишна мајка

Македонија | пред 13 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања