Промени тема
Контакт

Поскапе меѓуградскиот автобуски превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
patnici-vo-avtobus

Од денеска патниците плаќаат од 15 до 20 отсто повисока цена на билетите во меѓуградскиот автобуски превоз, зависно од превозникот, објави Сител.

Зголемените цени на горивата, резервните материјали, струјата и прогласувањето на недела неработен ден, се наведуваат како причини за поскапувањето.

— реклама —

Во моментов најскапо е патувањето со автобус од Скопје кон Охрид и обратно, кое со последното зголемување во еден правец чини 680, додека повратен билет е 930 денари.

Возење во еден правец од Скопје до Гевгелија од денеска чини 520 денари, а повратниот билет е 770 денари.

— реклама —

„Секој превозник сам одлучува за цената. За поблиските релации, како за Куманово или Велес, цените се зголемени за 20,30 денари“, вели Масар Омерагиќ од „Руле турс“.

— реклама —

Граѓаните се изненадени. Без никаква најава, од денеска биле принудени да платат поскап билет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања