Поскапени влезниците во Зоолошката градина во Скопје. Едно семејство со две деца само за влез во Зоолошката градина во Скопје, наместо 200 ќе треба да плати 320 денари. Според новиот ценовник ќе се воведат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница, пишува алфа тв.
Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари. Посебно се плаќа за јавање на пони коњчињата, за возење на вовчето, за количките и секако за грицки и сокчиња.
Директорот изјави дека ова поскапување било симболично поради зголемените трошоци кои ги имале, но и дека парите ќе се трошеле за подобрување на условите за животните.
-Поскапувањето е симболично бидејќи имаме и многу нови животни во Зоолошката, стигнаа лавовите, од лани слоновите, шимпанзата. Постојано пристигнуваат нови птици и големи се трошоците на Зоолошката, вели Галетановски.