Мајката на ѕверски убиениот Пино по кој се трагаше со месеци, сподели порака на социјалните мрежи за последното збогум со нејзиниот син.
– Во недела во 18. часот во католичката Црква ќе се одржи служба за Пино. Ги поканувам сите што сакаат да се помолат за моето синче да дојдат, напиша Маја Трпковска.
По мисата, мајката на Пино ќе му подготви последно ЗБОГУМ во Италија каде ќе биде испратен од своето блиско семејство и пријателите до неговиот вечен дом, пренесе Магазин.
Момчето кое исчезна во почетокот на декември минатата година Пинета Секондо – Пино беше пронајдено мртво. Телото е најдено во атарот на селото Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.
За потсетување, министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава за две лица, осомничени дека го убиле Пинета Секондо.