Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Постапка и мерки на претпазливост за скопјанка која со Мерцедес усмрти пешак во Волково

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничената, 40 годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

Со предниот десен дел од возилото удрила во телото на пешакот Горан Иваноски кој се движел покрај десниот рабник вдолж коловозот, во истата насока пред автомобилот, иако бил должен како пешак да се движи по тротоарот. Од ударот пешакот се здобил со повреди од кои починал на лице место.

— реклама —

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за вештачења со цел утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа, а во меѓувреме за осомничената се предложени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште и одземање на патната исправа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Македонија | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

МВР: Автобус на ЈСП удрил во пешак

Скопје | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Малолетник со автомобил прегазил пешак во Чаир

Скопје | пред 1 месец

brza-pomos

Малолетник со автомобил удрил пешак во Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања