Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Постапка против 4 лица кои одгледувале канабис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kanabis

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, едно од с.Негорци и тројца од Гевгелија, заради постоење на основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Едновремено, обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничените, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се дадат во бегство.

Осомничените во периодот од мај до септември 2021 година неовластено заради продажба произведувале наркотична дрога марихуана на седум локации на м.в.„Жабјак“ во близина на с.Негорци. Тие засадиле по околу 100 семки од растението канабис, ги наводнувале, ги отстранувале непотребите листови, ги врзувале со манила за да не се скршат. На 1 септември 2021 година, кога растенијата биле во фаза на цветање и со висина од 20 до 280 сантиметри, осомничените биле затекнати од страна на овластени службени лица во намерата да ги соберат цветните завршетоци за да ги сушат. При тоа, вкупно биле пронајдени  381 стебло од растението канабис односно по 95-96 стебла кај секој од осомничените.

— реклама —

Од страна на Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија се донесени решенија со кои на осомничените им е определен куќен притвор во траење од по 30 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања