Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Поставена првата еколошка елка во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
269697954_333835268569031_6907245055305978704_n

ЈП ПОЦ и Општина Центар ја поставија првата еколошка новогодишна елка направена од пластични шишиња рециклирани од страна на жителите кои повеќе од една година учествуваат во правилното справување со отпадот

преку рециклирање на пластични шишиња и лименки.

Новогодишната елка висока 5 метри е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња и ќе биде лоцирана во Дебар Маало кај кружниот тек близу општината. Светлата на елката официјално ќе бидат вклучени во 16.30 часот.

— реклама —

Поставувањето на оваа елка е впечатлив начин да се истакне како пластиката може да се рециклира и да се искористи повторно.

— реклама —

Општина Центар преку проектот „И отпадот има вредност!“ е прва општина во регионот која одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите.

За една година, во рамките на проектот, рециклирани се повеќе од 300.000 PET пластични шишиња и лименки, издадени се над 3000 Green Pay картички, исплатени се над 300.000 денари субвенции од Општина Центар за сите граѓани кои се вклучиле во процесот на рециклирање.

— реклама —

/269697954_333835268569031_6907245055305978704_n" rel="attachment wp-att-154790">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања