Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Поставени заштитни столпчиња на улицата „Костурски Херои“, кај „Силбо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и регулирање на сообраќајот во овој дел, Општина Центар утринава постави заштитни столпчиња кај фурната „Силбо“ Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по бројните поплаки од жителите кои пристигнуваат во општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос кој се создава на оваа делница.

„Поставени се вкупно 47 столпчиња на улицата „Костурски Херои“, на потегот од раскрсницата со улицата „Радњанска“ до вклучувањето на булеварот „Партизански Одреди“, односно пред фурната „Силбо“.

— реклама —
— реклама —

Со поставувањето на столпчињата нема да може веќе автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата „Костурски Херои“ и ќе се намали метежот на овој потег.

— реклама —

Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила, да ги почитуваат законските одредби при возењето и да не ги оштетуваат поставените заштитни столпчиња“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања