Потпишан договорот со „Визер“, добивме уште 8 нови авиолинии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sugareski-2

„На мое огромно задоволство го потпишавме Договорот со Визер. Граѓаните оваа година ќе добијат уште 8 нови авиолинии: од Охрид кон Малме, Милано, Мемингем и Дортмунд; а од Скопје кон Карлсруе, Бремен, Ларнака - Кипар и Турку - Финска, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по потпишувањето на договоот со претставници на авиокомпанијата „Визер“ .

— реклама —

Овој договор е за финансиска поддршка на евтини авиолинии по трет пат склучен помеѓу Македонскат Влада и авиокомпанијата. Според истиот на авиокомпанијт во нарендите три години треба да и бидат исплатени пет милиони евра.

— реклама —

Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.

Од Охрид ќе се лета кон Малме во Шведска, Милано во Италија и кон Меминген и Дортмунд во Германија. Од Охрид ќе се лета за 20 евра до Малме и Милано, меѓу новите осум авио-линии што ќе ги воведе „Виз ер“ како услов за субвенционирање на билетите од страна на државата.

Покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.

Билетите за Милано и Малме ќе почнуваат од 1.164 денари или 19,99 евра. Од јули се очекува да бидат воспоставени двете линии од Охрид до Германија.

Летовите до Малме почнуваат на 18 март. До 13 септември, од охридскиот аеродром до Малме летовите се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела.

Летовите Охрид-Милано стартуваат на 19 март и ќе се реализираат два пати во неделата. До 30 март во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.

Летовите Охрид-Меминген ќе почнат да се реализираат од 1 јули и ќе бидат два пати во неделата, односно во петок и понеделник.

Летовите Охрид-Дортмунд стартуваат на 2 јули и ќе бидат во вторник и сабота.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања