Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Потпишан меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
skopska-zooloska

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, во Зоолошката градина Скопје беше потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел нивна модернизација и усогласување со европските стандарди.

— реклама —

Министерот Муамет Хоџа изјави дека соработката претставува пример за градење силни партнерства и нагласи дека целта е овие институции да се трансформираат во современи европски центри за благосостојба на животните, заштита на дивиот свет и едукација на младите.

Тој посочи дека преку БИОФОН ќе се обезбедуваат долгорочни финансиски механизми за поддршка на заштитените подрачја, екосистемите и проектите на зоолошките градини.

— реклама —

„Мотото на овој ден – ‘Делување локално за глобално влијание’ – нè потсетува дека заштитата на планетата почнува од нашиот сопствен двор“, изјави Хоџа.

— реклама —

В.д. директорката на Зоолошката градина Скопје, Катерина Костова, нагласи дека зоолошките градини денес не се само места каде што се гледаат животни, туку и центри за едукација, заштита на биодиверзитетот и подигнување на јавната свест.

„Природата не ја наследуваме од нашите предци, ја позајмуваме од идните генерации“, порача Костова.

— реклама —

Во рамки на настанот беше организирана изложба на едукативни цртежи изработени од ученици од основни училишта, како и едукативна прошетка низ зоолошката градина, при што децата имаа можност да се запознаат со ендемични животински видови од Македонија и нивната заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања