„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Потребна е метла која ќе го измете Заев, а ќе ја осети на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
metla-15

Само Зоран Заев и Радмила Шекеринска блескаат. Само тие не се виновни за корупцијата, криминалот, расипништвото и назадувањето на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Сите останати ги испокрадоа парите преку фондот за иновации, тендерите во здравство, си делат сами на себе кирии, си поделија ниви со марихуана и го соголуваа буџетот.

Сите останати бараа „едно за вице”, само Заев и Шекеринска останаа да блескаат.

— реклама —

Факт е дека Спасовски, Кирацовски, Ременски, Зекири, Манчевски и Шилегов беа катастрофа за СДСМ но уште поважно е дека тие се трагедија за Република Македонија.

Затоа и Спасовски и останатите неспособни кадри на Зоран Заев мора да си поднесат оставки и од државните функции, а не како неспособни партиски кадри да продолжат да земаат пари од буџетот и да ја упропастуваат Република Македонија.

Дали да се води едно министерство како МВР е поедноставно и неважно отколку да се биде потпретседател на СДСМ. Доколку Заев не ги разреши Спасовски, Манчевски и Шилегов од функциите ќе биде повеќе од јасно дека така наречената метла е една голема фарса.

Граѓаните не се должни да ја поднесуваат неспособноста на Спасовски кој нема ниту една акција за сузбивање на криминал, министер во чие време убиствата на улиците станаа секојдневие.

Администрацијата не е должна да го трпи Манчевски и да премолчува на заканите и мобингот од негова страна дека ќе има кратење.

Граѓаните на Скопје не се помалку важни од членовите на СДСМ па Шилегов да им биде градоначалник, кој година ипол потроши, а нема направено ниту еден проект.

Метлата е само фарса, се додека не си заминат неспособните функционери и од државните функции на цело со Заев и Шекеринска, заклучокот ќе биде еден, а тоа е дека Заев се обидува преку театар за наводна метла да ги отргне граѓаните од реалноста и проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Потребна е метла која ќе го измете Заев, таа метла ја имаат граѓаните, а Заев ќе ја осети на избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања