„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Потресен апел од Кочани: Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
Screenshot-2025-07-06-at-17.46.04

Семејството на 21-годишната Ивона Антова, една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати потресен јавен апел на социјалните мрежи, обвинувајќи дека нивната ќерка не загинала веднаш од пожарот, туку била оставена беспомошна и без медицинска грижа во најтешките мигови.

— реклама —

„Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè – како ја буткаат, како паѓа, како моли за рака, а никој не ѝ помогнал“, напишаа нејзините родители во јавната објава.

Според нив, девојката со последните сили снимала и документирала како се обидува да побара спас, но наместо подадена рака добила удари и игнорирање од луѓето околу неа.

— реклама —

Родителите тврдат дека Ивона била пронајдена во болница, оставена сама, без кислородна поддршка, со трагични услови на интерно одделение. „Татко ѝ ја најде легната на страна, со рачето под главата, како да се обидела да стане, а не можела. Јас, нејзината мајка, не можев ни да ја видам – бев приклучена на инфузија, а срцето ми умираше со неа“, стои во нивното сведоштво.

Семејството бара одговорност од институциите и од сите оние кои, како што велат, затаиле и ја оставиле Ивона да умира сама во болка и страв. Апелираат случајот да не се заборави и бараат правда за својата ќерка, нагласувајќи дека ќе се борат за неа – како што и таа се борела до последниот здив.

„Љубовта кон Ивона нема никогаш да згасне. Ќе се бориме за неа, како што таа се бореше“, завршуваат Антови во јавниот апел што предизвика силни реакции во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања