„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Потресно: Се идентификуваат жртвите - дете случајно разбрало дека мајка му е една од нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
nis-dete

Две лица од повредените во страшната железничка несреќа кај Ниш, починаа во болница за време на операција, јавува српски „Блиц“, тоа се М.К. (15) и Н.Ј. (42). Дел од останатите повредени се во многу тешка состојба и не се знае дали ќе преживеат.

— реклама —

Бројот на жртвите порасна на пет лица во несреќата во која патнички воз удри во автобус и го преполови.

Според српск блиц од ходниците од Клиничкиот центар во Ниш одекнуваат лелеци и плач од семејствата кои дознале дека нивните блиски се починати.

— реклама —

Една жена од шок колабирала пред болницата, а на расплакан маж му била пружена лекарска помош во ординација. А дете кое стоело во ходникот сосема случајно дознало дека мајка му е една од починатите во стравичната несреќа.

Маж облече во црна јакна се потпрел на еден пулт во болницата. Им пришол човек со наведната глава и со полно сочувство ги прашал: Дали вам некој ви настрaдал?

Со нaведната главата мажот одговорил: Да жена ми!

Син му тогaш шокирано го погледал и запрашал: Мама настрaда?

Тешко тркалајќи ги зборовите низ усните, таткото го прегрнал синот и одговорил: Да сине. Не знаев како да ти кажам…

Во момент се стивнало. Мажот и неговиот син стоеле прегрнати и плачеле. Со нив плачеле и сите кои се нашле на тоа место.

Им пришол докторот и ги прашал дали нешто им треба.

Таткото љубезно одбил, а тогаш држејќи го синот во прегратка, тргнал кон излезот. Во минување кратко рекол: Тој ми е се, што ми остана од жена ми!

Полицијата се уште истражува како дошло до стравичната несреќа во селото Долно Меѓурово кај Ниш, кога воз на српската железница преполови автобус кој ја минувал пругата на обележан премин преку пругата. Што и да се испостави како причина, во прашање наверојатно е човечка грешка поради која најмалку пет семејства сега се завиени во црно. Уште седум луѓе се борат за живот со тешки повреди во КЦ Ниш.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања