Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Поведена истрага против турски државјанин кој пренесувал хашиш во автомобилот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
hasis

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 25 октомври, во возилото Цитроен кое го управувал, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хашиш во вкупна количина од околу 110 килограми, спакувана во 114 пакувања ставени во картонски кутии и торби во просторот за багаж. Дрогата требало да ја пренесе на непозната локација, а бил откриен и фатен на излезот од паркинг простор на магистралниот пат Ресен-Охрид.

— реклама —
— реклама —

За осомничениот Обвинителството до Основниот суд Охрид достави и прдлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања