„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Поведена постапка против двајца индијци и двајца пакистанци​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tabanovce

Поради основано сомнение дека четири лица сториле по едно кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, а еден од нив и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово за нив донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Јавниот обвинител за осомничените, од кои двајца се државјани на Република Индија, останатите на Исламска Република Пакистан, поднесе Предлог за определување на мерката притвор до надлежниот суд.

— реклама —

На 4 јуни 2021 година, околу 21,00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, во состав на група од околу дваесет лица со употреба на сила, опасно орудие и огнено оружје, осомничените од други лица одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, додека три лица – оштетени се движеле пеш во близина на транзитниот центар Табановце со намера да ја преминат границата кон Република Србија, биле нападнати од група од околу дваесeт лица, меѓу кои биле и осомничените. Притоа еден од осомничените во рацете држел пиштол марка „Зораки-М 906-Т“, додека останатите во рацете држеле стапови и палки, а на појасите имале и ножеви. Кога ги запреле оштетените, еден од осомничените започнал да им издава наредби на останатите, велејќи им „удри“, „земи им ги парите и телефоните“, „пукај“, при што осомничените лица започнале со напад и при тоа им задале повеќе удари со стапови и палки на оштетените во предел на главите и телата, а биле испукани и два истрели во земја. При нападот од оштетените биле одземени по 50 евра или 200 евра, како и мобилните телефони, при што им биле нанесени и повеќе лесни и тешки телесни повреди. ​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања