Повеќе од сто гости во хотелот „Изан Кавана“ во одморалиштето Ла Манга, во Шпанија, се разболеле по појава на симптоми на салмонела. Меѓу нив има 15-месечно бебе и седум деца, од кои двајца пациенти сè уште се на болничко лекување.
Дваесет лица, меѓу кои и најмладите, биле итно префрлени во болница, а потоа дел од нив пуштени. Бебе и дете со висока температура биле примени во болницата „Санта Лучија“ во Картахена.
Гостите почнале да чувствуваат гадење, повраќање, дијареја и треска по ручекот во саботата, поради што во хотелот била отворена теренска болница. Дел од туристите примале инфузија во собите, а други биле згрижени на носилки во ходниците.
Првичните резултати укажуваат на салмонела, а истрагата продолжува. Кујната е привремено затворена и наложено е темелно чистење и дезинфекција.
Хотелот во меѓувреме објави реклама за коктели на Фејсбук, без да спомене за епидемијата, што предизвика остри реакции од гостите, меѓу кои и еден турист чија бремена сопруга се заразила.
фото: ФБ