Повеќе од 40 нови камиони за чист град: стартува обновата на возниот парк на Комунална хигиена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
komunalna

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека официјално е започната постапката за набавка на повеќе од 40 нови специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“, оценувајќи ја оваа инвестиција како најголема во јавната чистота во последните десет години.

Како што соопшти Ѓорѓиевски, тендерската постапка ја спроведува Министерството за транспорт во соработка со Светска банка и таа веќе е распишана, а по завршувањето на сите правни процедури ќе започне и испораката на возилата. Паралелно со тоа, на денешната седница на Советот на Град Скопје ќе биде усвоена и програмата за Комунална хигиена, со која од сопствени средства ќе се обезбедат уште повеќе од десет нови камиони.

Со ова, во функција ќе бидат ставени над 40 современи и специјализирани возила кои секојдневно ќе се грижат за чистотата во сите скопски населби и улици. Градоначалникот нагласи дека станува збор за инвестиција што се реализира за помалку од три месеци од неговото стапување на функцијата, за разлика од изминатите осум години кога биле набавени само четири возила.

Ѓорѓиевски истакна дека обновата на возниот парк нема да застане тука и дека набавките ќе продолжат континуирано, со цел трајно решавање на проблемот со отпадот кој со години ги мачеше скопјани. Според него, чист град значи здрав град и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Во обраќањето, градоначалникот упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски за поддршката во реализацијата на оваа инвестиција, нагласувајќи дека Скопје влегува во нова фаза на организирано, навремено и достоинствено одржување на јавната хигиена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања