Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Повеќе од половина милион возила на Subaru се повлекуваат поради грешка во ознаките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-libraryaa6qlp0k985ofjFq9wD
Photo by Aaron Doucett on Unsplash

Subaru повлекува повеќе од 541.000 теренски возила во САД поради погрешно отпечатени фабрички налепници со технички податоци.

— реклама —

Повлекувањето ги опфаќа моделите Ascent произведени од 2019 до 2026 година, Forester и Forester Hybrid од моделските години 2025 и 2026, како и Crosstrek Hybrid од 2026 година.

— реклама —

Причината не е механички дефект, туку неточен податок за максимално дозволеното оптоварување на задната оска, наведен на задолжителната фабричка налепница. Од компанијата предупредуваат дека погрешната информација би можела да ги наведе сопствениците да го преоптоварат возилото, што може да го зголеми ризикот од сообраќајна несреќа.

Subaru соопшти дека досега нема пријави за сообраќајни незгоди, повреди или гаранциски барања поврзани со овој проблем.

— реклама —

Грешката ја откри американската Национална администрација за безбедност во сообраќајот (NHTSA), по што компанијата спровела внатрешна ревизија на пресметките за максималното осовинско оптоварување кај возилата произведени од 2003 година наваму.

— реклама —

Наместо возилата да бидат повикувани во сервис, Subaru до сопствениците ќе испрати нова налепница по пошта, заедно со упатство како да ја залепат врз постојната. Оние што нема сами да ја заменат, ќе можат бесплатно да ја добијат услугата во овластен сервис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydjbe42r9gcc5fyL7vqz

(Видео) Автомобил со скопски регистарски ознаки заврши во Егејското Море

Актуелно | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryr75j1u451v8ndIE0jpz

(Видео) Проби 500 километри на час: Ова е најбрзиот сериски автомобил во светот

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryqtvuf2eum8ugdYuhBug

(Видео) Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Магазин | пред 2 седмици

media-library3vho981h56oe7MzBhZ1

Нов тренд во автомобилската индустрија: Сè помалку автомобили имаат шипка за проверка на маслото

Вирално | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања