Промени тема
Контакт

Повеќе пријави за поплави и проблеми во сообраќајот по невремето во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarydhlgsipjjh3l23U8trO

Поради силното невреме што попладнево го зафати Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави и проблеми во сообраќајот.

Според информациите, поплавени се два подвозника – пред кружниот тек во Бутел и на булевар „Србија“ во Општина Кисела Вода, каде што има и заглавени возила.

Проблеми се пријавени и на кружните текови кај „Ист гејт“ и Железара во Општина Гази Баба, како и кај Мото Центар и Цементара во Кисела Вода.

— реклама —

Поплавена е и улицата „Јордан Мијалков“, зад трговскиот центар „Дајмонд мол“.

Пријавени се и поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда и Чаир.

Дополнително, пријавени се поплавен магацин на „Веро“ во Чаир, како и магацин на приватна компанија во Кисела Вода.

— реклама —

Поплавени се и паркинзи и пристапни улици во населбата Расадник во Кисела Вода, како и во населбата Аеродром.

Поради поплавените улици, кружни текови и подвозници, сообраќајот во повеќе делови од Скопје е значително отежнат, а на одредени локации движењето на возилата е целосно прекинато.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8n9i3s37q0qenjM5E6

(Видео) Се расчистува Градски парк, вработени во „Паркови и зеленило“ и натаму интервенираат поради паднатите дрвја

Скопје | пред 3 часа

media-library87c32pmk9fgp5Y5u3eY

(Видео) Паднати дрвја во Градскиот парк уште сведочат за невремето од пред еден месец

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu29pmreduu8k6cKUwry

(Фото) Гробови се откорнати во Бутел по силното невреме

Скопје | пред 1 месец

media-librarytnjrevpnv32s5oy3wxs

Скопје под вода по вчерашното невреме: Поплавени подвозници, улици, куќи и јавни објекти

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања