Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Повеќе загинати во пожар во семејна куќа во Ирска, меѓу нив и деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
pozar
Илустрација

Повеќе лица загинале во пожар што избувнал утринава во семејна куќа во Вотерфорд, град на југоистокот на Ирска, потврди ирската полиција. Според информациите на локалната радио станица „WLR FM“, меѓу загинатите има и деца, но засега не е соопштен точниот број на жртви.

— реклама —

Пријавата за пожарот била примена околу 5:13 часот по локално време. Огнот избувнал во двокатна куќа на улицата Бирч авенија, во населбата Бирчвуд, во областа Килкохан. На местото пристигнале повеќе противпожарни екипи од околните станици, кои затекнале пожар што веќе бил во напредна фаза.

Пожарникарите започнале со гаснење и од објектот извлекле неколку настрадани лица. Откако огнот бил изгаснат, местото им било предадено на полициските служби.

— реклама —

На социјалните мрежи се појавиле непотврдени тврдења дека загинале три деца и едно возрасно лице, како и сомневања дека пожарот можеби бил подметнат. Ирската полиција засега не ги потврди овие информации.

— реклама —

„Бидејќи интервенцијата сè уште трае и ситуацијата се развива, во моментов не можеме да соопштиме повеќе детали“, информирале од полицијата.

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се разјаснети. Локалните медиуми претходно објавија дека на 18 септември во истата населба бил намерно запален автомобил. Полицијата тогаш отворила истрага, но засега нема потврда дека двата инцидента се поврзани.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library92ustei57jf949YqZ0g

Голем штрајк во Ирска: 300.000 вработени во јавниот сектор бараат повисоки плати

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryf7i4g9cdlkfja8rfiTS

Загинаа пет тинејџери во Ирска: се снимале за ТикТок и возеле во спротивен правец

Свет | пред 2 месеци

eksploziv

Спречен можен терористички напад: на пат кон Северна Ирска носеле бомба подготвена за експлозија

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2024-11-23-at-12.59.48

(Видео) Снежна бура ги погоди Британија и Ирска, колапс во сообраќајот: 60.000 луѓе без струја

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања