Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Повисоки плати обезбедивме и за вработените во училиштата, градинките, полицијата, факултетите и здравството, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lekari-715x420

Владата предводена од СДСМ обезбедува постојан раст на платите за подобрување на животниот стандард на граѓаните, вели СДСМ

„Минималната плата ја зголемивме двојно, со што месечните примања за над 80 илјади граѓани изнесуваат 18 илјади денари што е за околу 10.000 денари повеќе од 2012 година во време на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Континуиран раст на платите е обебзеден и за наставниците, вработените во здравство и во градинките.

Платите на наставниците во последните 4 години ги зголемивме за над 2.000 денари, додека претходната власт во период од 7 години ги зголеми за само 850 денари.

— реклама —

Вработените во градинките со новиот систем за плати добија зголемување од 21% што е најголемо до сега, а воведен е и кариерен развој. Зголемување од 5 % имаше и за вработените во здравство.

Дополнително со законските измени кои токму ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието се гарантира континуиран раст на наставничките плати согласно растот на минималната плата.

— реклама —

Со истиот закон се предвидува трајно решавање на 4.700 вработувања на наставниците од определено на неопределено време како и унапредување на нивниот статус.

Покачување на платите добија и вработените од високообразовните установи.

Со потпишувањето на Колективен договор за високо образование, за прв пат беше постигнато зголемување во просек за 10% кое започна да се пресметува со минатата септемвриска плата.

Владата предводена од СДСМ постојано работи на обезбедување подобар живот и повисок стандард на сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 22 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања