Повредените од „Пулс“ и натаму зависат од донации, ниту третата тура компресивна облека не беше платена од државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
donacii-kocani

Помошта за тешко повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ (16 март 2025) и натаму доаѓа преку донации. И покрај јунските ветувања на институциите дека државата ќе ги покрие трошоците за неопходната терапевтска опрема, реалноста покажува дека компресивната облека што е од витално значење за заздравување од изгореници ја обезбедуваат само граѓани, компании и дијаспората преку движењето Support Kocani. Вчера пристигна третата пратка компресивна облека со вредност од 2.193.047 денари (околу 35.555 евра), која повторно целосно е финансирана преку донации и предадена на Општата болница во Кочани.

— реклама —

-Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи кои се корисници на компресивна облека. Овој пат се обезбедени вкупно 176 парчиња специјализирана компресивна облека.

— реклама —

Благодарност до секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација. Голема благодарност и до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, објави иницијативата.

— реклама —

Ветувањата на институциите

На 19 јуни, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, јавно изјави дека „сите здравствени потреби на повредените од Кочани ќе бидат на товар и поддржани од државата на долги стази“, а болницата во Кочани ќе биде централна установа за грижата. Ден подоцна, директорката на болницата, д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, најави дека пациентите ќе добиваат и втор сет компресивна облека, бидејќи носењето е задолжително најмалку две години.

Реалноста на терен е сосема поинаква

Прва пратка: на 16 јуни беше доставена облека во вредност од 923.458 денари, платена од донации.

Втора пратка: на 8 јули пристигнаа 43 парчиња компресивна облека изработени по мерка за 17 повредени лица, со вредност од 283.802 денари, повторно донација.

Трета пратка: денес, 18 август, донирана е најголемата набавка досега – вредна 2.193.047 денари.

Со ова, вкупната вредност на трите испораки надмина 3,4 милиони денари (околу 59.000 евра) – сите обезбедени преку донации, иако државата претходно вети поинакво сценарио. Од најавената институционална поддршка, засега не е реализирана ниту една набавка. Повредените продолжуваат да ја добиваат неопходната облека исклучиво преку солидарноста на граѓаните и дијаспората.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања