Промени тема
Контакт

(Видео) Повторно нападнат аеродромот во Ријад, избувнал пожар на истиот терминал каде што загинаа 12 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Свет
media-libraryb4mo38qh3vrm0XWy9Dr

Аеродромот „Крал Калид“ во саудиската престолнина Ријад повторно бил цел на напад, само еден ден откако во ракетирање загинаа 12 лица, а повеќе од 300 беа повредени. Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија денеска потврди дека нов напад предизвикал пожар на аеродромот, кој и натаму е затворен за редовниот воздушен сообраќај.

— реклама —

Портпаролот на коалицијата, генерал-мајор Турки ал-Малики, соопштил дека „непознат проектил“ ја погодил патничката сала на терминалот 4 – истата зграда што била нападната и во саботата.

— реклама —

Противпожарните и итните служби веднаш биле испратени на местото за да го изгаснат пожарот. Во одделна акција, саудиската противвоздушна одбрана пресретнала крстосувачка ракета во непосредна близина на аеродромот.

Засега нема дополнителни информации за евентуални жртви или повредени во најновиот напад.

— реклама —
media-libraryck9n0q8062cibmrFScu

(Видео) Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Дванаесет лица загинаа, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои имаат поддршка од Иран.Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Дел од повредените се во критична состојба.Проектилот погодил дел од аеродромскиот комплекс во кој се наоѓаат терминали

Свет | пред 14 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска Арабија: „Ова мора веднаш да престане“

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryck9n0q8062cibmrFScu

(Видео) Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања