Повторно одложено судењето на Мухамед Зеќири

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
thumbs_b_c_44975ece7879dfed47c5df3d7f1b8f24

удењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 6-ти јуни, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната.

— реклама —

Бранителот Александар Трајковски, кажа дека сведокот Горан Анастасиевиќ од здравствени причини е спречен да се јави на денешното рочиште, по што судот, поради неисполнети законски претпоставки за одржување на расправата, го одложи рочиштето.

— реклама —

Поради истек на време и промена на членови на Судечкиот совет, судењето пред неполн месец започна од почеток.

— реклама —

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања