„Позади Заев и Филипче имаме десетина починати, стотина со потешка слика“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20072021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_Klinika-za-ortopedija_4

Неодговорниот и неспособниот однос на власта кон пандемијата е единствена причина за големиот бран на КОВИД 19 уште во август, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ кои испратија соопштенија. Според нив, Заев и Филипче не преземаа мерки кога тоа им го кажуваше стручната јавност, а сега ги трпиме последиците сите..

— реклама —

„Заев и Филипче не воведоа протоколи при влез во државата кога разгорувањето на четвртиот бран беше на повидок, за сега цела ЕУ да не стави на „црна листа“ за влез. Заев и Филипче не ја спроведуваат ниту вакцинацијата како што треба. Наместо неколку десетици пунктови низ Скопје, во екот на таканаречената кампања за масовна вакцинација имаше само три. Власта не знае да ја менаџира кризата и како последица имаме десетици изгубени животи секој ден, илјадници заразени и стотици со тешка клиничка слика. Време е да се промени се од корен. Време е за нов пристап. Време е за нови луѓе. Време е за Македонија за сите луѓе“, додаваат од партијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања