Пожар го зфати Потпелистерието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar-1

Голем пожар попладнево го зафати Потпелситерието, лоциран во атарот на селото Ротино. Екипите на Територијалната противпожарна единица од Битола веднаш се упатија на терен, но поради засилениот ветер, пожарот бргу се прошируваше и претставуваше опасност да ја зафати моликовата шума.

— реклама —

Имајќи ги во предвид околностите дека се работи за тешко пристапен терен и покрај ангажираноста на противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК, локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко.

Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Битола одржа состанок под раководство на градоначалничката Наташа Петровска и донесен е едногласен заклучок дека е потребно ангажирање на ДЗС со активирање на механизирани средства кои би дејствувале од воздух.

— реклама —

Во моментов на терен пожарот го гаснат екипи на ТППЕ, едно противпожарно возило од РЕК Битола и едно од Општина Ресен, а во акцијата се вклучени и вработените во НП Пелистер, како и локалното население.

Од ТППЕ Битола информираат дека во текот на денот имале шест противпожарни интервенции. Покрај големиот пожар во Ротино, екипите на терен гаснеле пожари во Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во градското подрачје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања