Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Пожар, штета и апсења: разобличена група што крадела кабли од јавни инсталации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица осомничени дека како соизвршители сториле тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот, дело казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, заедно со други лица кои сè уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај годинава краделе високоенергетски и среднонапонски кабли од подземните тунели на фабриката „Железара“ во Скопје, конкретно од објектот на „Полуконти – ИГМ“. Каблите биле во сопственост на АД ЕСМ – Подружница енергетика Скопје и Макстил АД Скопје, а вкупната штета се проценува на околу 440.000 евра.

— реклама —

Според обвинението, сторителите преку отвори со скалила влегувале во подземните тунели, со апарат проверувале дали каблите се под напон, а потоа со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале за транспорт.

На 9 април, како резултат на нивните дејствија, избил пожар во трафостаницата ТС Југ, со што била предизвикана дополнителна материјална штета од над 100.000 евра, а била нарушена и дистрибуцијата на електрична енергија, што предизвикало штета од уште 60.000 евра.

— реклама —

На 6 мај, тројцата обвинети повторно дошле до објектот со возило „Фолксваген голф“ за да ги однесат каблите, но еден од нив се повредил при удар со кабел. По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, тие се вратиле на местото на кражбата по оставените алати, каде биле затекнати и уапсени веднаш по излезот од кругот на „Железара“.

Обвинителството поднесе и предлог до Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мерката притвор за сите тројца обвинети, со образложение дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 1 седмица

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања