Промени тема
Контакт

Пожар во зградата на Јавно обвинителство: Гореле хартии во женскиот тоалет, осум пожарникари итервенирале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryiehe5ofbkcjkeHyud90

Противпожарната бригада на Град Скопје вчера интервенирала во зградата на Јавното обвинителство по дојава за пожар.

Командирот на Противпожарната бригада-Скопје, Звонко Томовски, за „Скопје1“ потврди дека дојавата била примена во 13:48 часот, по што на терен биле испратени две противпожарни возила и осум пожарникари.

„Да, вчера во 13:48 имаше дојава за настанат пожар во Јавно обвинителство. Интервенирано е со две ПП возила со 8 пожарникари“, вели Томовски за „Скопје1“.

— реклама —

Според него, станувало збор за запалени хартии во женски тоалет.

„Стануваше збор за опожарени хартии во женски тоалет. Од наша страна извршена е проверка и вентилирање на просториите“, додава Томовски за „Скопје1“.

Неофицијално, огнот избувнал во корпа за отпадоци.

— реклама —

„Скопје1“ уште утринава побара став и од прес-службата на Јавното обвинителство за причините за пожарот, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Не направил ништо незаконско, ниту пак Владата е во право што бара негово разрешување, смета Коцевски

Македонија | пред 1 година

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Тепачка завршила со убиство во Гостивар, се бара притвор за 55-годишник

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања