Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пожарите во Грција однесоа три животи, продолжува битката со пламените јазици на Крит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs
unsplash

Грчките пожарникари и во текот на ноќта продолжија со гаснењето на големиот пожар на островот Крит, додека земјата ја потресе трагедија во која загинаа тројца припадници на противпожарната служба.

— реклама —

Двајца пожарникари ги загубија животите на Крит откако биле заробени од огнената стихија во близина на местото Неа Крија Вриси, во регионот Ретимно. Нивните тела биле пронајдени во службеното возило. Едниот бил сезонски пожарникар, а другиот пет години работел во противпожарната станица Агиа Фотини.

— реклама —

„Денес е исклучително тежок ден за противпожарната служба“, соопштија надлежните, изразувајќи сочувство до семејствата и колегите на загинатите.

Трет пожарникар починал на полуостровот Пелопонез. Тој бил пронајден во бессознание надвор од опожареното подрачје во местото Агеранос, по што бил пренесен во болница, каде што подоцна им подлегнал на повредите.

— реклама —

Во меѓувреме, властите евакуирале 51 лице од јужниот брег на Крит откако тие се обиделе да се спасат бегајќи кон морето. Спасувачките операции се отежнати поради силниот ветер, кој достигнува јачина од осум степени според Бофоровата скала.

— реклама —

Пожари и понатаму беснеат и на островот Парос во Кикладскиот архипелаг. Поради опасноста, грчката служба за цивилна заштита преку системот 112 повторно издаде предупредување за жителите на неколку населени места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 9 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања