Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Познат актер почина во страшна скијачка несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
183257_tan2022-1-19-161323912-0_fmob

Францускиот актер и модел Гаспар Улије, најпознат по улогата на младиот Ханибал Лектор, почина во болница по тешка несреќа на скијање на Алпите.

Улије беше итно пренесен во болница во критична состојба по инцидентот во Ла Розие во вторникот.

Тој во несреќата се здобил со тешка повреда на главата, објави локалната телевизија Франс Блу, а неговото семејство ја потврди неговата смрт во соопштение во средата.

— реклама —

Според извештаите, актерот се судрил со друг скијач на патеката, кој не завршил во болница.

— реклама —

Сега е во тек истрага за трагичната несреќа, соопшти обвинителството во Савој.

Улије, познат по појавувањето во реклами за парфемите на Шанел, како и за филмски и телевизиски улоги, меѓу кои е младиот Ханибал Лектор во филмот „Ханибал Рајзинг“ од 2007 година и модниот магнат Ив Сен Лоран во биографскиот филм Сен Лоран од 2014 година.

— реклама —

Улије го доби Цезар - францускиот еквивалент на Оскар - за најдобар актер во 2017 година за филмот „Тоа е само крајот на светот“, во кој глумеше заедно со Марион Котијар и Лео Сеиду.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања