Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото.

„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода“, вели Спасовски.
Инаку, Алабаковски пред една година се врати од САД. Тој е родум од Битола. Изминатиот период, гостуваше и по ТВ шоу-а во Македонија. Тој е женет и татко на две деца.
Спасовски: Го приведовме лицето кое призна дека го предизвикал пожарот во бугарскиот културен центар
„Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан - пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото“, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Тој додаде:„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил - мора да одговара!“.
Македонија | пред 3 години